Формирам ново политичко движење во албанскиот блок – вели за „ТВ 24“ поранешниот потпретседател на ДУИ и неформален лидер на огнената фракција Изет Меџити.
Во новата политичка партија на Меџити ќе ги нема Блерим Беџети, Невзат Бејта и Муса Џафери, бидејќи како што веќе објави тие се против нова партија.
Ова движење ќе делува опозициски.
Поранешниот пратеник на Движењето Беса, а моментално независен пратеник, Кастриот Реџепи, соопшти дека ќе биде дел од новата политичка партија којашто ќе ја формира Изет Меџити.
Реџепи на социјалните мрежи се пофали дека ќе биде еден од основачите на новото политичко движење.
„Јас го поддржував во текот на, да речеме, неговата внатрешно-политичка борба, ќе продолжам да го поддржувам и на неговиот пат и најверојатно ќе бидам еден од основачите на новото политичко движење“, напиша Реџепи.