Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, реагираше на изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина, по тензиите што ги создаде српскиот министер за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, пишува ТВ21.

Меџити вели дека Вучиќ ја вклучил Македонија во „српскиот свет“, а премиерот Ковачевски докажал дека се потчинил на Србија.

– Вучиќ може да мисли што сака, но Ковачевски, како премиер на мултиетничка Македонија и моментално со отворени проблеми со ЕУ, за немање уставни измени и кој три години по ред ја убедуваше јавноста дека обезбедија 80 гласови за уставните измени, тоа е едноставно луксуз и штетна политичка авантура за С. Македонија. Во моментот кога има сериозни предупредувања од меѓународната заедница дека може да и се воведат санкции на Србија доколку не воведе санкции кон Русија, да се сретнеме и да кажеме дека сè блеска во односите меѓу Србија и С. Македонија, се плашам дека тоа може негативно да се одрази и на меѓународно и на домашно ниво. Ова несомнено ја одвојува С. Македонија од другите соседи, особено од Бугарија, Косово и од ЕУ, заклучува Миџити.