Министерот за здравство, Фатмир Меџити во вечерашното гостување на ТВ 24 го коментираше и разрешувањето на раководителот на Кардохирургија, професор др. Сашко Јовев.
-Ги знам дефектите, бидејќи сум работел во здравството. Бескомпромисно и секаде каде што има нерегуларности, тие ќе бидат санкционирани. Тоа се случи и со директорот на здравствената установа Бардовци кој е од Алијансата, тој беше разрешен и беше именуван друг. Ќе продолжиме со санкција на сите нерегуларности. Мораме, ако сакаме да имаме силна држава, да имаме силно здравство. Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксуз за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори, рече Меџити.
Тој додаде дека Инспекцијата утврдила неправилности и злоупотреби на Клиниката за кардиохирургија и затоа потпишал решение за разрешување на, како што рече, почитуваниот професор др. Јовев кој како доктор многу го почитува.