Помеѓу празниците отворени позиции објави Владата која бара дури над 60 нови административци.
Регулаторната комисија за енергетика вработува тројца, Дирекцијата за заштита и спасување 25 луѓе, Центарот за управување со кризи 28. Огласи за вработување објавија и Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, Министерството за финансии, Агенцијата за државни пасишта, Јавното претпријатие за државни патишта и други државни институции. Дури и Агенцијата за вработување ќе вработува, бара 18 административци.