Меѓу бебињата кои се родија во првиот ден од новата година, е и приновата во домот на австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе.

Бебето ќе се вика Хендрик и е прво заедничко на Штрахе и сопругата Филипе со која е во брак од 2016 година.

Тоа е негово трето дете – од првиот брак има ќерка и син.

Штрахе ој најави дека поради раѓањето на синот ќе земе еден месец одмор. Платата што ќе ја прима во текот на отсуството ќе ја даде во хуманитарни цели.