Во трагедијата што се случи на Железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица, а тројца се тешко повредени.

Меѓу загинатите има и четири деца. Меѓу жртвите има и две девојчиња кои отишле со својот дедо кај друг дедо и баба да прослават, една девојка и еден дечко кои отишле да го прослават својот 21 роденден, додека најмладата жртва има само 5 години. Меѓу 14-те загинати има и маж од Македонија.

Васко Саздовски (45) Македонија

Комар Немања (17) од Степановиќево

Руман Андела (20) од Стара Пазова

Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиље

Фириќ Валентина (9) од Ковиљи

Фириќ Сара (5) од Ковиљи

Адамовиќ Милица (16) од Каќ

Милева Карановиќ (76) од Каќ

Арбутина Ќириќ Сања (35) од Каќ

Хрка Стефан (27) од Белград

Милосављевиќ Милош (21) од Кничанин

Швоња Ѓуро (77) од Степановиќево

Раковиќ Вукашин (69) од Буковац

Раца Горанка (58) од Нови Сад

Меѓу загинатите е и Васко Саздовски (45), научник од Македонија, кој работел во Институтот Биосен во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.

Директорот на Ургентниот центар на УКЦ Војводина денеска изјави дека состојбата на тројцата пациенти повредени од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад е сѐ уште сериозна и дека нивните животи се во опасност.

Се работи за две девојки и едно момче на возраст од 18 до 25 години. На момчето и едната девојка им се ампутирани двете нозе, додека на другата девојка, која спасувачите првично не можеле да ја видат туку ја слушнале од под рушевините, и е ампутирана раката.