Курсот на еврото денеска повторно е под прагот од 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации.
Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута остана речиси непроменета на 1,1277 долари.
Европската централна банка вчера одреди референтна стапка на еврото од 1,1295 долари.