Со прошетка во природа од манастирот „Свети Димитрија“ во село Селце, здружението „Сочувај Лекувај Асоцијација на Пациенти со заболувања на црн дроб – СЛАП“ поддржано од Глобалниот институт се придружува во борбата против ова заболување, ќе го одбележи Интернационалниот НАСХ Ден за прв пат во нашата земја.
Од Здружението информираат дека прошетката во природа ја организираат со цел да се подигне свеста за здравиот живот и здравите навики. Ќе се споделуваат флаери, информации за NASH и NAFLD.
Оваа година во одбележувањето учествуваат повеќе од 80 земји ширум светот.
– NASH или Не -алкохолен стеато хепатитис, може да се дефинира како манифестација на црниот дроб на метаболичко нарушување и е најтешка форма на безалкохолно заболување на замастен црн дроб (NAFLD). NASH е тесно поврзан со тројната епидемија на дебелина, пред-дијабетес и дијабетес. Но, нејзините симптоми честопати се тивки или неспецифични за NASH, што го отежнува дијагностицирањето. Како резултат, пациентите со NASH можат да не бидат свесни за нивната состојба до доцните фази на болеста, објаснуваат од од Здружението СЛАП.
Причината за појава NASH, велат од здружението, е најчесто поради начинот на живот (на пр., хронично прекумерно внесување калории, седечка активност) и е различно од другите заболувања на замастен црн дроб предизвикани од злоупотреба на алкохол или несакани ефекти од лекови.
– Се јавуваат две форми NAFLD ( не- алкохолни заболувања на црниот дроб -замастување) и NASH (не алкохолен стеатохепатитис), односно кога маснотиите продолжуваат да се акумулираат во клетките на црниот дроб што доведува до воспаление и повреда на клетките. Симптомите на NASH се тешко препознатливи, но може да вклучуваат замор и болка во горниот десен абдомен. Поради оваа причина, луѓето со NASH често не се свесни за нивната состојба на црниот дроб сè додека болеста не напредува. NASH е втората водечка причина за трансплантација на црниот дроб во САД и се предвидува да стане водечка причина, истакнуваат од СЛАП.
Од Здружението посочуваат дека раниот скрининг и промените во животниот стил може да имаат влијание врз прогресијата на NASH и потенцијално подобрување на болеста во раните фази.
Милиони луѓе ширум светот се изложени на ризик од потенцијално фатални заболувања на црниот дроб на NAFLD и неговата потешка форма, NASH. – NASH е главен фактор на ризик за многу други здравствени состојби. Луѓето кои живеат со NASH обично имаат едно или повеќе метаболички нарушувања (како што се дебелината, дијабетес тип II и кардиоваскуларни заболувања). 37% од луѓето со дебелина имаат NASH, исто така 37% од луѓето со дијабетес тип 2 исто така имаат NASH. Неидентификувани и нетретирани пациенти со NASH може да имаат сериозни исходи, вклучувајќи цироза, карцином на црниот дроб, трансплантација на црниот дроб или смрт. Сега повеќе од кога било, пандемијата COVID-19 додава дополнителни ризици за оние со NASH, соопштуваат од Здружението СЛАП.