Додека работел за одржување на Ф-16 во воената база во Белгија, механичар случајно отворил оган врз друг авион Ф-16 на пистата и го уништил, пишува „Бизнис инсајдер“.
До инцидентот дошло во воздухопловната база во Флорена, на југот на Белгија, кога механичарот случајно го активирал топот на леталото на кое работел.
Белгиските воздухопловни сили потврдија дека дошло до пожар во базата во текот на работата на одржување на авиони, при што еден авион бил запалел, а друг бил оштетен, но не спомаа дека причината за инцидентот е пукање од топот.