Меј: Договорот за Брегзит е речиси постигнат

/ 22.10.2018

Британската премиерка Тереза ​​Меј ги повика пратениците да ја поддржат во последните фази од подготовка за излегувањето на Велика Британија од ЕУ и рече дека преговорите се во најтешка фаза, иако и постигнувањето договор е блиску.

– Служењето на националниот интерес бара од нас да ја зачуваме самодовербата во овие последни фази од преговорите, кои се најтешкиот дел, рече Меј.

Таа потсети дека во последните три недели нејзината Влада постигна договор за повеќето прашања од Брегзит – од Гибралтар до безбедноста.

– 95 проценти од Спогодбата за напуштање и протоколите се регулирани, изјави британската премиерка.


Од истата категорија