Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ги ревидира законските акти за шпионажа и предавство и да ги прилагоди на новото, дигитално време, објави лондонскиот „Мејл оф сандеј“, британски конзервативен таблоид со најголем тираж.
Неделникот пренесува дека најавената ревизија и измените на законот за шпионажа и предавство ќе бидат најголемиот „ремонт“ на овој закон од 1695 година, пренесуваат британските медиуми.
Целта на измените е Велика Британија поефикасно да се спротивстави на заканите од Русија и Кина.