Форбс ја објави листата на најплатените 100 славни личности во изминатата година (јули 2017-јули 2018). Светските забавувачи за 12 месеци заработиле вкупно 6,3 милијарди долари, што е 22 отсто повеќе отколку едно година претходно.
Покрај тоа, дури 11 ѕвезди ја прешле границата на заработка од 100 милиони долари, што е двојно повеќе од претходната година.
Форбс 20 години по ред ја прави оваа листа на која се наоѓаат најплатените спортисти, актери, пејачи, групи, забавувачи, а годинава на таа листа се најдоа имиња од 17 земји.
Втор пат по ред на врвот на најплатени е боксерот Флојд Мејвeдер кој лани во борбата со Конор МекГрегор заработи 285 милиони долари. Мечот, инаку, траеше едвај половина час. Втор на листата е Џорџ Клуни со 239 милиони, Кајли Џенер е трета со заработени 165,5 милиони, а потоа следат: Џуди Шејндин (судијката Џуди) со 147 милиони, Двејн Џонсон – 124, групата Ју2 – 118, Колдплеј – 115,5, Лионел Меси – 111, Ед Ширан -110 и Кристијано Роналдо 108 милиони.