Мекдоналдс соопшти дека на глобално ниво планира намалена употреба на антибиотици кај говеда чие месо го купува, во обид на тој начин да поттикне и останати ресторани на ист потег.
Таквата одлука апострофира факт според кој прекумерната употреба на антибиотици на фарми за животни може да намали нивна ефикасност кај луѓето.
Како најголем светски купувач на говедско, Мекдоналдс води сметка за решавање такви проблеми. Притоа поставува нови стандарди за одгледувачите на стока и загрозува продажба на лекови на големите фармацевтски компании како Мерк и Еланко Анимал Хелт.
Компанијата најави следење и мерење на употребата на антибиотици на 10 свои најголеми пазари меѓу кои и САД. Целта е намалување на нивната употреба во индустријата за одгледување говеда до крајот на 2020 година.