Пензионираниот американски полковник Даглас Мекгрегор во интервју за радио од Чикаго рекол дека во Рамбује се разгледува можноста за приклучување на северот на Косово, каде што Србите живеат во мнозинство, кон Србија и дека идејата ја одобриле Франција и Германија, но САД го отфрлиле планот.

„Во тоа време, и Французите и Германците мислеа дека тоа е добро решение. Германците сакаа да инвестираат стотици милиони марки во тоа време за финансирање нови куќи и населби и за обнова на градовите за Србите и Албанците. Европејците разбраа, барем зад затворени врати, дека тоа се работи што се правеа пред стотици години во Европа, но потоа ние Американците се вклучивме и кажавме не“, рекол Мекгрегор, пренесува „Косово онлајн“.

Според него, аргументот на Американците бил дека ова е почеток на нова Европа во која секој ќе биде принуден да живее со некого со кого не сака да живее.

„Така, ние создадовме нешто што е неодржливо и ги принудивме Србите да живеат под албанскиот режим, што тие не го сакаа. Можеби сега гледаме некаков воен конфликт, бидејќи српската војска сигурно нема да чека со скрстени раце и да дозволи косовската паравоена војска да ги малтретира Србите“, навел Мекгрегор.

Потсетувајќи на денот кога започна бомбардирањето на СР Југославија, Мекгрегор рекол дека на германски генерал со четири ѕвезди му потекле солзи.

„Даглас, ова е нешто што не треба да го правиме“, ми рече, „а потоа ја напушти собата. И британските и француските офицери мислеа дека тоа што го правиме е лудо, но политичарите на Западот го сакаа тоа“, рекол Мекгрегор.

Тој посочил дека американскиот претседател Бил Клинтон не бил за интервенција во Босна, бидејќи не сакал да се вмеша, но сите околу него го притискале во таа насока, особено потпретседателот Ал Гор, државниот секретар Медлин Олбрајт и националната советникот за безебедност Сенди Бергер.

„Кога нацртав карти за генералот Кларк за различни територијални решенија во Босна, постојано повторував дека е пролеана толку многу крв и дека е невозможно сега луѓето да полетаат едни во други раце. На крајот, Ричард Холбрук рече дека се уште не можете да ги натерате луѓето да живеат заедно, и сега го имаме она што го имаме во Босна. Мислев дека во Босна е направено привремено решение, но сите инсистираа тоа да биде трајно“, реколе Мекгрегор.