Дваесетишестгодишната Ванеса Понсе де Леон од Мексико е избрана за Mис на свет за 2018 година. Круната ѝ ја предаде минатогодишната победничка, Индијката Мануши Чилар.

За прва придружничка избрана е претставничката на Тајланд, а за втора убавицата од Уганда.

На натпреварот, кој се одржа во градот Сања во Кина, учествуваа 118 кандидатки.