Монтереј ја освои Лигата на шампиони на КОНКАКАФ зоната (Северна Америка, Централна Америка и Кариби) откако во„мексиканското“ финалето со 1-0 ја совлада екипата на Клуб Америка.
Голот што во 9. минута го постигна Фунес Мори по грешка на одбраната на Клуб Америка се покажа доволен за победа на Монтереј.
Тоа е петта шампионска титула за Монтереј по успесите во 2011, 2012, 2013 и 2019 година.
Триумфот на Монтереј му обезбеди настап на претстојното Светско клупско првенство, кое на почетокот на идната година ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати.
За Клуб Америка, кој исто така е мексикански клуб, ова беше прв пораз во осмото финале во Лигата на шампиони.