Мексиканската влада денеска му додели на Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД, Доналд Трамп, највисоко признание на државата што се дава на странци.
Доделувањето на Орденот Ацтечки орел, на Кушнер, предизвика бурни коментари во Мексико, каде многумина се незадоволни поради навредливите зборови на Трамп за Мексиканците и неговите верувања дека ќе изградеи ѕид на границата со Мексико.
Тоа признание претходно го добиле Габриел Гарсија Маркес и Нелсон Мендела.
Мексиканските власти тврдат дека Кушнер заслужил орден поради својата работа во преговарачкиот процес за трговскиот договор што денеска го потпишаа Мексико, САД и Канада.