Најмалку 20 луѓе загинаа во поплавите во Мексико предизвикани од бурата Ета. Најголемиот број на жртви се во реонот Чиапас, кој граничи со Гватемала, каде бурата усмрти околу 150 луѓе.
Во налетот на бурата во шест земји во регионот загинаа околу 180 луѓе.
Бурата оштети патишта и мостови, а во тек се спасувачки операции ширум Хондурас и Гватемала, во кои се вклучени и националните армии.
Ета на 3 ноември ја погоди Никарагва како ураган од четврти степен, со ветер со брзина од 241 километри на час, а потоа изгуби на интензитет, но предизвика поплави во Коста Рика, Панама и Салвадор.
Се очекува Ета, која добива на интензитет над Карипско Море денеска да ги погоди Куба, Јамајка, Кајмански Острови и јужниот дел на Флорида.