Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека нема да му честита на победникот на претседателските избори на САД додека резултатот не биде правно потврден.
Тој истакна оти тоа е „политички разумна“ одлука, додавајќи оти е во добри односи и со Доналд Трамп и со Џо Бајден.
Мексикански претставници тврдат дека Обрадор се обидува да ги избегне тензиите со Трамп, чиј мандат истекува на 20 јануари, поради зачувување на мирот и добрососедските односи.
За време на мандатот на Трамп, Обрадор ја прифати неговата миграциска политика, а Вашингтон воглавно избегнуваше да ја критикува економската политика на Мексико.
Претседателот Трамп со почитување се однесуваше кон нас. И ние сме благодарни што не се мешаше, истакна Обрадор.
Мексико е најголем трговски партнер на САД и билатералните односи со северниот сосед се многу важни за земјата.