Најмалку 21 лице загинаа, а околу 30 се повредени во судир меѓу автобус и камион во државата Веракруз во источниот дел на Мексико, објавија локалните власти.
Деветнаесет лица настрадаа на самото место, а двајца им подлегнаа на повредите, изјави началничката на цивилна одбрана, Гвадалупе Осорно.
Автобусот превезувал верници, кои биле на поклоничко патување.