Прославениот холивудски актер и добитник на Оскар, Мел Гибсон, отпатува во манастирот Хиландар на Света Гора, каде што ќе престојува во наредните денови по повод српскиот празник Видовден.
На Хиландер, Гибсон се сретна со игуменот на манастирот, отец Методиј, а првите фотографии од местото предизвикаа голем интерес кај обожавателите низ целиот регион.
За доаѓањето на Мел Гибсон, од манастирот изјавија:
„Мел Гибсон, познат актер, режисер и продуцент, денес пристигна во Светиот манастир Хиландар, каде што ќе остане во следните неколку дена.“
Престојот на познатиот актер во едно од најголемите светилишта на православниот свет предизвика бројни коментари, при што многумина истакнуваат дека изборот да се помине празникот во Хиландар е длабоко симболичен и духовно моќен чин.