Славната актерка Мелани Грифит, ѕвездата од филмот „Вработена девојка“, се отвори за своите љубовни врски во интервју за магазинот„Инстајл“, велејќи дека по трите разводи од Дон Џонсон, Стивен Бауер и Антонио Бандерас, таа не планира повторно да се омажи.
„Верувам дека на никој веќе не му е важно. Особено ако имаш 60 години, имаш четири деца и го живееш животот што отсекогаш си го посакувал”, рече таа. „Зошто би се мажела тогаш? Јас би сакала да се вљубам и да имам романса, врска, не тоа не ми се случува во моментов. Продолжувам да барам. Имав неколку љубовници, но не и врска.“
Иако Грифит рече дека е отворена кон идејата да запознае некоја нова личност, таа не се фокусира на нејзиниот љубовен живот.
„По разводот, и на некој начин завршувајќи со растењето на моите деца – најмалата Стела сега има 21 година – би рекла дека имам време и шанса да ја рестартирам и ревитализирам мојата кариера“, рече таа.