Меланија Трамп утре ја напушта Белата куќа со Доналд без да ја почитува долгата традиција и да ја покани Џил Бајден да ја посети, пишува Си-Ен-Ен.
Оваа традиција долга 70 години, за време на која првата дама во заминување ја поканува новата прва дама да и го покаже семејното крило на зградата, им овозможува на двете жени да разговараат за животот во Белата куќа и да и помогне на наследничката да се смети по инагурацијата.
Прва што го стори тоа беше Бес Труман, сопругата на Хари Труман, кога во 1950-тите ја покани да ја посети Марни Ајзенхауер, сопругата на новоизбраниот претседател Двајт Ајзенхауер. Нејзиниот пример го следеа сите последователни први дами, но не и Меланија.
Меланија беше во таква посета на покана на Мишел Обама во 2017 година, а двете разговарале за одгледување деца во Белата куќа.
Доналд Трамп исто така изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден и ова е првпат во последните 150 години поранешен претседател да не присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник.
Два дена пред да ја напушти Белата куќа, Меланија испрати и проштална видео порака во која изјави дека изминатите четири години биле незаборавни за неа и дека „насилството никогаш не е решение“.
„Во моментот кога Доналд и јас го завршивме престојот во Белата куќа, мислам на сите луѓе што останаа во моето срце и на нивните прекрасни сведоштва за љубов, патриотизам и решителност“, рече таа, меѓу другото.