Првата дама Меланија Трамп завчера, на 26 април, го прослави својот 49-ти роденден.
Роденденот, убавата Словенка го помина работно – со сопругот Доналд ги угости јапонскиот премиер и неговата сопруга на вечера во Белата куќа.
Меланија добила илјадници честитки со убави желби за роденден, но една од нив го насмеа половина свет.
Имено, станува збор за честитката до првата дама на Твитер од официјалниот налог на Белата куќа, а проблемот бил во фотографијата. На неа, Меланија седи сама на кауч, опкружена со бројни фотографи кои своите објективи ги впериле во нејзиниот сопруг, кој не е ни во кадарот на споменатата фотографија.
Happy Birthday, @FLOTUS! pic.twitter.com/qwUwcod5LC
— The White House (@WhiteHouse) April 26, 2019
Фотографијата настанала во март, за време на билатералниот состанок на американскиот претседател и чешкиот премиер.
Сепак, Меланија своето внимание го насочила кон убавиот гест на нејзиниот сопруг. Доналд испратил имејл на безброј адреси во кој побарал помош да собере милион потписи за роденденската честитка на неговата сопруга.
„Ми треба вашата помош. На нашата прекрасна прва дама, Меланија, и’ е роденден за некој ден, а јас сакам да направам нешто посебно за неа, бидејќи таа за мене е посебна. Сите знаеме дека Меланија е неверојатна сопруга, мајка и прва дама. Помогнете ми да и’ покажам колку ја сакаат Американците“, напишал американскиот претседател во имејлот.
Убавата Словенка во прославила роденденот во едноставен, но многу елегантен бел фустан од тантела, со што уште еднаш докажала дека помалку е навистина повеќе и дека најубавите модни комбинации се оние наједноставните.