Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска вети дека „повторно ќе ја покрене“ соработката со Кина, откако го потпиша тригодишниот акциски план за нови форми на соработка за време на нејзината прва официјална посета на Пекинг.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска вети дека „повторно ќе ја покрене“ соработката со Кина, откако го потпиша тригодишниот акциски план за нови форми на соработка за време на нејзината прва официјална посета на Пекинг по преземањето на функцијата.
Мелони ова го изјави за време на средбата со кинескиот премиер Ли Кианг, пренесе агенцијата АНСА.
Италијанската премиерка истакна дека нејзината петдневна посета на Кина претставува „покажување на волјата да се започне нова фаза“ и да се обнови соработката меѓу Пекинг и Рим.