Алберт Мемети претставник на Ромалитико во емисијата 24 Отворено рече дека ако ја следиме сиромаштијата како тренд, може да се повикаме на истражувањето на агенцијата за фундаментални права и тука имаме лонгитудинално истражување.
– Може да се забележи дека по пандемијата се зголеми бројот на сиромашните. Околу 79% од ромското население е во ризик од сиромаштија. Овој тренд е следен повеќе години и има повеќе фактори кои придонесуваат за тоа. Невработеноста, системот на социјална заштита, детската сиромаштија е особено изразена кај ромските деца. 40% од нив се во сиромаштија и секое 4-то дете е погодено од повеќе фактори, вели Мемети.