Музичарот, новинар и фоторепортер со 20 годишно искуство во повеќе македонски печатени и електронски медиуми, и основач и претседател на Македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк“ – Битола, Шенол Мемиш на социјалните мрежи за лажните вести на Џабир Дерала коментираше:
Џабир Дерала е срам и резил за македонското новинарство! 50 портали има отворено со лажни вести сите финансирани од „пријатели“ од ЕУ.
Коментарот на Мемиш е на веста на „Република“ под наслов „Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake news“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“, а која се однесува на монтираното видео за оцрнување на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.