Мемоарите на британскиот принц Хари, под наслов „Spare“ официјално беа објавени денеска.
Книгата и досега веќе го привлече светското внимание, бидејќи принцот во неа ги открива своите лични борби, како и критички ставови за други членови на британското кралско семејство – неговиот татко, кралот Чарлс Трети, неговата маќеа Камила и постариот брат, принцот Вилијам.
Насловот „Spare“ во превод значи „резерва“, но и „поштеден“, „вишок“, како и неколку други различни, но слични значења.
Книгата во мигов се рангира како најпродавана на „Амазон“ во Велика Британија, САД, Австралија и Канада.
Кралското семејство сѐ уште нема официјален коментар за мемоарите на принцот Хари. Според познавачи, веројатно нема ниту да има официјален коментар.