Mинистерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека набрзо ќе се изготви „ѕид на срамот“, за изработени дипломски и магистерски трудови. Во одговорот на новинарското прашање на денешниот брифинг до кога ќе се толерира појавата со која преку јавни огласи може да се купи готов магистериум или докторат за 300-500 евра, таа одговори дека се размислува за две новини.
Ова кога објавуваат пишувам магистериум за 300 евра е работа на полиција и на инспекцијата. Ги земаме добрите практики од таму каде што постојат, e првиот чекор. Вториот чекор за кој треба малку време е магистериумите и докторатите што ќе се работат да одат на оглас за студенти. Тоа го има на пример на Универзитетот во Антверпен и во некои други универзитети. Кај нас вообичено менторите ја нудат темата. Имаат проект, па им нудат на студентите. Иако има студенти кои доааѓат со одредени теми, но не секогаш може да се изведат. Но, добрите пракси и за иновации на големи познати универзитет велат дека Министерството, Фондот, оддел за наука, како и да се вика, објавува огласи за тоа што и е потребно на земјата. Од областа на медицина, на пример, развивање на нов лек, во областа на технолигиите развивање на некаков софтвер. Тие го објавуваат огласот, финанасираат, а студентите и професорите се јавуваат. Тоа би бил сериозен втор чекор откако ќе го направиме првиот, оти јас реално кажувам не може да се стигне се, премногу фронтови отворивме, брзаме и едноставно не се стигнува, вели Јаневска.
Таа го објасни и „ѕидот на срамот“.
За „ѕидот на срамот“ се подразвира сите магистериуми и докторати, се што ќе произлезе од Македонија има да биде на таа платформа. Плагијати.мк функционира, но и тоа мора да се подобри, стар е софтверот. Морам да им се заблагодарам на техничките факултети, особено на ФИНКИ, многу ни помогнаа. Дополнително, воведуваме вештачка интелигнеција и тој процес ќе се олесни. Плагијати.мк ќе си течат како посебно. Се зборува дека на разни универзитети, на разни факултети поминуваат магистериуми и докторати кои се на пониско ниво, ќе ги објавиме. Тогаш, академската зедница, една и единствена, ќе може да види, па да критикуваат тие што треба да критикуваат или да се правдаат. Мене би ми било срам да ставам потпис на нешто што не е вредно. Има такви луѓе. Кога ќе биде се јавно, ќе почнат поинаку да се однесуваат, во тоа сум длабоко убедена, смета министерката Јаневска.




