Нарушувањата на менталното здравје се во пораст во сите земји во светот, што во периодот меѓу 2010 и 2030 година глобалната економија би можело да ја чини околу 16 илјада милијарда долари доколку на глобално ниво не се преземат соодветни чекори, покажуваат податоците објавени во списанието „Лансет“, чии уредници го спровеле истражувањето.
На Извештајот на „Лансент“ потпишани се 28 специјалисти од подрачјето на психијатријата, невропсихијатријата и јавното здравство, но и пациенти. Во него се наведува дека се поголемата криза, која се однесува на порастот на менталните нарушувања во светот, би можела да нанесе трајна штета на луѓето глобално, на заедниците, но и на светските економии.
Некои трошоци ќе се однесуваат на директни трошоци на лекување и лекови, како и на различни тарапии, но во поголемиот дел станува збор за индиректен трошок, односно губење на продуктивноста на поединецот, трошоци за социјална грижа и образование, истакнува главниот автор на извештајот Викрам Пател. Во извештајот не се наведува прецизно на што точно би се потрошиле потенцијалните 16 илјада милијарди долари до 2030 година.
Менталното здравје е составен дел од општото здравје на личноста, а претставува важен извор на сила и сигурност за поединецот и семејството. Личноста со добро ментално здравје е задоволна, позитивна, среќна во семејството и надвор од него, ги прифаќа другите луѓе, способна е да создава и одржува пријателства, продуктивна е на работното место и добро се справува со животните проблеми и стресови.
Нарушувањата на менталното здравје претставуваат вистински здравствен проблем на кој треба да му се пријде како што се приоѓа на проблем на телесното здравје. Поради честите појави и се поголемата зачестеност, често на почетокот во младата возрасна доба, нарушувањето на квалитетот на живот на болниот и неговото семејство, душевните болести и менталните нарушувања претставуваат еден од поважните јавноздравствени пробелми во светот. Статистиките за бројот на заболени, за причините за неспособност за работа, за болничкото лекување и причините за морталитет ги ставаат менталните нарушувања на врвот на листата на најчести болести. Во последните 25 години во пораст е трендот за хоспитализација поради душевни нарушувања.
Тоа го потврдува и Пател, професор на Харвардскиот медицински факултет, кој вели дека „состојбата е навистина тмурна“.
Лицата со нарушено ментално здравје често се преплашени, очајни, збунети и потребна им е голема помош и поддршка од најблиските, но и од општеството. Лицата со ментални проблеми се негативно обележани, отфрлени… Непрепознавањето и нелекувањето на менталните болести може да има трагични последици, како што се самоубиства.
Професорот Пател вели дека во последние 25 години бројот на ментални нарушувања и болести е „драматично зголемен“, делумно поради продолжувањето на животниот век на популацијата на глобално ниво и подобро преживување на децата поради подобрата здравствена грижа, но предупредува дека „ниту една земја во светот не вложува доволно во истражување на овој голем проблем на денешнината“.
– Ниту една друга здравстена состојба денес не е во толкава мера запоставена како што е менталното здравје, вели Пател.
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека денес во светот од депресија боледуваат околу 300 милиони луѓе, а 50 милиони се заболени од некој облик на деменција. Од шизофренија се погодени околу 23 милиони луѓе, а биполарно нарушување имаат околу 60 милиони.
Во извештајот „Лансент“ наведува дека кај лицата со најчести ментални нарушувања, како депресија анксиозност и шизофренија, неретко се забележува големо кршење на човековите права, а станува збор за врзување пациенти, мачење и неволно затворање.
Главниот уредник на стручното медицинско списание „Лансент“ Ричард Хортон, кој нарачал изработка на извештајот, вели дека тој „во прв план ги доведува срамните и шокантни начини на лекување на лицата со ментални болести ширум светот“.
Тој повика на примена на заштитата на човековите права и во оваа бранша со цел на заболените да им бидат загарантирани основните права како оние на вработување, образование и останати клучни животни искуства.
Хортон препорачува советување и помош на болните во помалите заедници, каде различни видови тарапија не спроведуваат само професионални здравствени работници, туку и сите останати оспособени за таков вид работа.