Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економските предизвици со кои се соочува земјата се многу посериозни отколку што претходно се проценуваше, нагласувајќи дека Германија повеќе не доживува привремен пад, туку е во длабока структурна криза.

„Го кажувам ова со самокритика, оваа задача е поголема отколку што некој можеше да замисли пред една година“, рече Мерц денес во обраќањето пред членовите на неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Оснабрик.

Мерц истакна дека голем дел од германската економија повеќе не е конкурентен по цена, иако квалитетот останува висок.