Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва.

Говорејќи пред бизнисмени на прием во Хале, Мерц порача дека стабилноста во односите со најголемиот европски сосед е клучна за иднината на Европа и Германија.

– Ако успееме да ги вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно пронајдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако завладее мир и ако се осигура слободата, ако успееме во сето тоа, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот испит и по 2026 година ќе можеме со доверба да гледаме кон иднината, рече Мерц.

Тој нагласи дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија.

– Ова го зборувам каде и да се наоѓам во Германија, рече Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.