Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува Русија да ја заврши војната против Украина само кога повеќе нема да може да ја води од економски и воени причини, бидејќи дипломатските напори во последните недели не успеаја.

„Сите напори во последните недели беа пречекани со уште поагресивен пристап од страна на режимот во Москва кон народот на Украина“, изјави Мерц на регионалниот состанок на неговата Демохристијанска унија во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Претходно, рускиот началник на Генералштабот Валериј Герасимов изјави дека руските војници спроведуваат континуирана офанзива по речиси целата фронтова линија во Украина и дека имаат „стратешка иницијатива“.