Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изрази поддршка за двонеделното примирје договорено меѓу САД и Иран, нагласувајќи ја важноста на дипломатијата и регионалната стабилност.
„Конечно, и некои добри вести од политиката! Ја поздравувам одлуката на завојуваните страни да прекинат со огнот во војната меѓу Иран и САД. Нашата благодарност, и благодарноста на луѓето од целиот регион, оди кон сите оние кои го поддржаа овој договор – особено до Пакистан. Ова мора да биде одлучувачки прв чекор на патот кон трајно смирување, бидејќи последиците од продолжувањето на војната би биле незамисливи. Германија ќе го поддржи овој пат на дипломатија колку што може“, рече тој на мрежата Икс.
Мерц истакна дека овој важен договор треба да биде одлучувачки прв чекор кон трајно решавање на конфликтот.
„Целта мора да биде да се преговара за траен крај на војната во наредните денови преку дипломатски канали“, рече канцеларот.
Тој додаде дека германската Влада активно ги поддржува дипломатските напори и е во близок контакт со партнерите, како и дека Германија ќе преземе соодветни мерки за да обезбеди слобода на пловидба низ Ормуската Теснина.




