Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека постои сè поитна потреба да се користат замрзнатите руски средства за поддршката на Украина, изразувајќи надеж дека наскоро ќе се постигне договор за ова прашање во рамките на Европската Унија.
„Верувам дека оваа потреба е сè поитна“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со словенечкиот премиер Роберт Голоб во Берлин, јавија британските медиуми.
Според Мерц, на Украина ѝ е потребна европска поддршка бидејќи руските напади се интензивираат.
„Зимата се приближува, или поточно, веќе влеговме во зима. Имајќи го тоа во предвид, се надевам дека можеме да најдеме заедничко решение во рамките на Европската Унија“, рече германскиот канцелар.
фото: Архива




