Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека се залудни мерките за забавување на ширењето на новиот коронавирус, појаснувајќи дека на тој начин „се купува драгоцено време“.

Меркел ја даде оценката на германско-грчки деловен форум во Берлин, каде посочи дека иако вирусот и натаму ќе се шири не значи дека мерките кои се преземаат во Германија и други земји се попусти.

– Најефикасна работа против вирусот е факторот време, за да се избегне преоптоварување на лекарите и болниците, истакна Меркел. Таа потенцираше дека тоа време е скапоцено за научниците да ги истражат лековите и вакцината и за владите да помогнат во смабдувањето со заштитна опрема.

Според податоците од 17 часот, во светот се заразени 111.758 лица, од Ковид-19 починале 3.891 пациент, а се излекувале 62.679.