Канцеларката Ангела Меркел е меѓу германските политичари погодени од голем хакерски напад во кој се објавени нивни лични подаотци, вклучувајќи и информации за кредитни картички и броеви на мобилни телефони.
Бројт на нејзниот факс, е-маил и неколку писма се меѓу податоците што се објавени на интернет преку профил на Твитер за кој не се знае чиј е.
Засега не е познато дали тие писма содржат чувствителни информации.
Инфорадио рбб со седиште во Берлин објави дека хакирањето на личните податоци на стотина германски политичари на сојузно и федерално ниво е откриено доцна синоќа.
Податоците за политичарите се објавени на Твитер – адреси, лични писма…Погодени се сите големи германски партии освен екстремно-десничарскиот АфД.
Идентитетот на хакерите и мотивите не се познати. Министерката за правда Катарина Барли го оквалификува објавувањето лични податоци на политичари на интернет како напад врз демократијата.