Германската канцеларка Ангела Меркел ја затвори денеска личната страница на Фејсбук, но им порача на нејзините пријатели дека се уште има доволно начини за да ја следат онлајн.

– Веќе не сум шеф на ЦДУ и затоа ја затворам страницата на Фејсбук, наведе Меркел во видео-порака на социјалната мрежа.

Таа додаде дека останува канцелар што значи дека активностите ќе и бидат документитрани на страницата на федералната влада на Фејсбук.

– Можете да ме следите на Инстаграм, вели таа.

– Денеска е денот кога сакам да ви заблагодарам на сите вас за поддршката на мојата страница на фејсбук, вели Меркел во пораката.

Danke!

Vielen Dank für Ihre Unterstützung hier auf Facebook.

Gepostet von Angela Merkel am Freitag, 1. Februar 2019