Ниту еден предизвик не бара таква солидарност од Германците по крајот на Втората светска војна (1939-1945) како сегашната пандемија. Тоа го нагласи во првото телевизиско обраќање до нацијата, германската канцеларка Ангела Меркел по избивањето на пандемијата на новиот коронавирус.
„Коронавирусот драматично ги менува животите кај нас. Нашите идеи за нормалност, социјален живот, социјална кохабитација – сето ова е ставено на тест како никогаш досега “, истакна Меркел.
„Јас сум цврсто убедена дека ние ќе го решиме тој проблем ако навистина сите граѓани го прифатат како свој проблем“, додаде таа.
Поради таа причина, дозволете ми да ви кажам дека ова е сериозно. Сфатете го сериозно. Од повторното обединување на Германија, не, од Втората светска војна не постои таков предизвик кај нас што би барал наша заедничка солидарност “, нагласи канцеларката.
„Постојат многу истражувања низ целиот свет, но засега нема ниту коронавирусна терапија, ниту вакцина“, рече Меркел.
Додека е тоа така, треба да се стори само една работа – да се забави ширењето на вирусот, да добиеме на време, рече канцеларката.
Според неа, треба да се ограничи социјалниот живот колку што е можно повеќе.
„Ние мора да избегнеме се што може да ги загрози луѓето, се што може да му наштети на поединецот и на општеството“, рече Меркел.
Таа ја потенцира важноста да се ограничи движењето на луѓето за да се запре ширењето на болеста.
„Следните недели ќе бидат уште потешки“, рече канцеларката. Меркел потсети дека „милиони не можат да одат на работа, децата не одат на училиште или градинка, театри, кина, продавниците се затворени“.
„И најлош дел е – на сите ни недостасува комуникација … Ова е ограничување што никогаш не постоело во Германија“, нагласи канцеларката.