Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти ќе беше подобро да не ја видеше „депресивната“ расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски за време на нивната средба во Белата куќа.
„Не сакам да го коментирам сето ова. Само ќе кажам дека би сакала да не ја видев оваа средба, особено ако се земе предвид дека тоа го виде цела Русија, вклучително и претседателот Путин“, рече таа во интервју за весникот „Берлинер цајтунг“.
Меркел средбата ја нарече „многу депресивна“ и нагласи дека никогаш повеќе не би сакала да присуствува на нешто слично. Таа не одговори на прашањето дали одлуката на Зеленски да води преговори на англиски влијаела на исходот од средбата, но рече дека како канцелар секогаш комуницирала со странските колеги на нивниот мајчин јазик преку преведувач.
Меркел истакна дека Зеленски не може да носи одлуки за завршување на конфликтот во Украина без одобрение од сојузниците, пренесува RT Balkan.