Германската канцеларка Ангела Меркел сака во блиска иднина да разговара тет-а-тет со британскиот премиер Борис Џонсон за Брегзит и други прашања од заеднички интерес, изјави денеска портпаролот на германската влада во Берлин.

– Средбата ќе се одржи наскоро, рече портпаролот Штефен Зајберт, без да го прецизира датумот на состанокот ..

Двајцата лидери ќе присуствуваат на Самитот Г7 во Франција, од 24 до 26 август.