Во обид да спречи ширење на новиот коронавирус, властите во Австрија забранија собирање на едно место на повеќе од пет луѓе.
Од вторник се затвораат и ресторантите во државата.
– Австријанците ги повикуваме на самоизолација. Тоа значи контакти само со луѓето со кои живеат, нагласија претходно од Кабинетот на канцеларот Себастијан Курц.