Сите згради во јавниот сектор, шопинг центрите, кината, канцелариите, хотелите, аеродромите не сметат да ја спуштаат температурата под 27 степени летно време, додека зимно време температурата не смее да биде повисока од 19 степени.
Оваа одлука била усвоена на седница на Владата, а доцна синоќа ја соопшти министерката за еколошка транзиција Тереза Рибера.
Споменетата мерка мора да биде воведена по еднонеделен преоден рок откако ќе биде објавена во медиумите. Ќе важи до 1 јануари 2023 година. Според министерката ова е почетен пакет кој е неопходен во критична ситуација.
-На Европа и треба помошта од Шпанија. Време е за солидарност, нагласи таа.
Мерките вклучуваат и правила за трговите и компаниите. Тие своите врати мора да ги држат затворени со помош за автоматски системи кои мора да ги инсталираат до 30 септември. Целта на ова, тврди владата, е спречување на одливот на топол или студен воздух од загреаниот или изладен простор.
Осветлувањето на канцеларии кои не се користат, излози и споменици ќе мора да се изгасне по 22 часот, а во некои згради ќе се проверува и енергетската ефикасност.
Рибера апелираше до приватниот сектор да го зголеми уделот на работа од дома.
Како што е најавено, Шпанија ќе се обиде да ја намали и потрошувачката на гас за седум проценти.