Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси (35) се израмни со Чави Хернандез на врвот на листата играчи со најмногу настапи во дресот на каталонскиот гигант.
Мeси вечерва се најде во почетниот состав во натпреварот од 27. коло во Примера против Хуеска на „Камп Ноу“, запишувајќи го својот 767 настап за Барселона во сите натпреварувања.
Со тоа, Меси го израмни рекордот на Чави, кој во периодот од 1998 до 2015 година, исто така, одигра 767 натпревари во дресот на каталонскиот клуб.