Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, ќе може да учествува во полуфиналето на шпанскиот куп против Реал Мадрид. Првиот дуел од пресметката на лутите ривали ќе се одржи на 6 февруари.

Според „АС“ повредата на 31-годишниот Аргентинец здобиена на средбата со Валенсија од 22. рунда во Примера против “Валенсија” (2:2) не е сериозна.

Меси нема да биде подложени на медицински испитувања, туку ќе почне да тренира со останатите од тимот како и обично.

Меси оваа сезона одигра 27 натпревари за Барселона, постигна 29 гола и оствари 12 асистенции.