Барселона на гостувањето кај Хетафе во првенствен меч од шпанската лига, ќе игра без Лионел Меси. Најдобриот фудбалер на светот за 2019 година, има мускулна повреда здобиена на дуелот со Вилјареал во претходното коло.
Барса сезонава нема ниту една победа на гостински терен, па и во Мадрид против Хетафе нема да им биде лесно, особено што треба да мислат и на мечот в среда со Интер во Лигата на шампионите. Не се знае точно каква повреда има Меси, па неговиот настап и на дербито со Интер е неизвесен.
„Не е сериозна повредата, има истегнување на мускулот, но не знам дали ќе игра со Интер, треба да ја видиме неговата состојба на почетокот на работната недела. Се надевам дека ќе се врати во најбрз можен рок. Меси е способен да одлучи натпревар“ – изјави тренерот Ернесто Валверде.