Мега-ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, постигна „хет-трик“ при победата со 4:1 над Бетис, и тоа беше победа број 477 во кариерата на Меси со тимот на Барселона. Така тој го надмина поранешниот фудбалер на тимот Чави Ернандез, кој има 476.
Меси за својата игра заслужи аплауз на публиката во Севиља.
На Меси му беа потребни 674 натпревари за постигнување на рекордот, додека Чави одигра 767.
За Аргентинецот ова беше и победа број 333 во Примера дивизион, а само еден успех го дели од изедначување на постигнувањата на рекордерите по овој показател – Андони Зубизарета (Барселона) и Икер Касиљас (Реал Мадрид), кои имаат по 334 освоени натпревари.