Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, се враќа во составот на актуелниот лидер во француското првенство за вечерашниот првенствен натпревар против Ремс, откако Аргентинецот целосно закрепна по прележаниот коронавирус.
– Цела недела Меси одлично работеше. Сите сме среќни поради тоа и среќни сме бидејќи повторно ќе го имаме во составот, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.
Меси се зарази со вирусот во родната Аргентина, каде ги мина новогодишните празници, а францускиот клуб не брзаше со неговото враќање на теренот.
– Да, Меси ќе биде во составот за дуелот против Ремс, а можам да потврдам и дека повредата на Мбапе не е сериозна, и тој ќе биде во конкуренција за настап, најави Покетино.