Капитенот на Барселона, Лионел Меси откри дека често ја дискутира својата игра и онаа на тимот со своите синови Тиаго и Матео.
– Двајцата многу го сакаат фудбалот. Тиаго разбира повеќе, бидејќи е поголем и зборуваме за се што е поврзано со играта. Понекогаш ме критикува за мојата игра на теренот. Тој ја следи Барселона, Ла Лига и Лигата на Шампионите. Сака да ми поставува прашања и да критикува, кога работите не одат добро, рече Лионел Меси, цитиран од „Марка’.
Тој додаде дека кога Барса ги губела мечевите, во нивниот дом не се зборувало за фудбал, но сега работите се поинакви.
– Сега Тиаго сака да коментираме и да му објаснам зошто сме изгубиле, рече уште Меси