Агентот на играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил предупреди дека клубот нема да може да се ослободи од неговиот клиент до 2021 година.
Германецот добива 350.000 фунти неделно, а во исто време е непожелен од тренерот Унаи Емери. Клубот, сепак, не може да најде купувач за 30-годишниот Озил, главно поради неговата висока плата.
– Секогаш има гласини, но можам да гарантирам едно нешто – посветеноста на Месут, тој е фокусиран само на Арсенал и Арсенал, и тој ќе остане во Арсенал до 2021 година. Навивачите не треба да се грижат за гласините, кои може да се појават ова лето. Тој пронајде место, кое го чувствува како дом и верува, дека може да придонесе многу повеќе, рече Еркут Согут за „Туркиш фудбал“.
Оваа сезона Озил учествуваше во 34 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања. Во Премиер лигата се најде само 20 пати во стартниот состав.